Мицкоски на 19-годишнината од Карпалак: Слава за хероите кои загинаа за Македонија!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на „Фејсбук“ денеска се потсети на трагично починатите херои за Македонија кај местото Карпалак пред точно 19 години.

„Слава за хероите кои загинаа за Македонија!
Нивната пожртвуваност е наша обврска да не заборавиме дека нашата слобода е изѕидана со многу животи, одрекувања и посветеност. Но и наша задача да обезбедиме мир, просперитет и добар живот за сите луѓе“, стои во неговиот пост на Фејсбук.