Мицкоски најавува кривични за незаконското работење во општините

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на брифинг со новинарите откри детали за огромните долгови со кои претходните градоначалници ги заглавија општините, сега преземени од кадар на ВМР0-ДПМНЕ.

Во општините, според инфрмациите на Мицкоски, постои превработеност, но и злоупотреба со хонорарни договори на лица кои воопшто не се појавувале на работа.

Во Град Скопје, претходниот градоначалник Петре Шилегов, има започнато проекти чија реализација е неизвесна бидејќи не се расчистени голем број имотно правни односи.

Мицкоски најави дека секаде каде што ќе се воочи сомнеж за незаконитост во работењето на претходните градоначалници, ќе се информира надлежното обвинителство и ќе се покрене кривичен прогон.