Мицкоски: На исток бркаат провизии, а запад му затвара врата на Заев зошто е корумпиран

„На исток бркаат провизии, а запад му затвара врата на Заев зошто е корумпиран.
Вака на кратко изгледа сагата за набавка на вакцини, додека државава руши рекорди во смртни случаи поради Корона“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хиристијан Мицкоски во статусот на Фејсбук и додава дека денес, за жал, Македонија доби уште еден врел шамар поради неспособната тендер влада на Заев.
„Македонија не е во групата на земји на кои Европската Комисија ќе им помогне со финансиска и медицинска помош преку солидарниот фонд чиј вкупен износ е 530М€, во кој од регионот вклучени се земјите кандидати Србија, Албанија и Црна Гора.
Јасно е дека никој не сака соработка со корумпиран премиер и влада. На исток бркаа прозивии за набавка на вакцини, на запад затвораат врата зошто никој не дава пари на влада која е најкорумпирана во Европа.
Луѓето кој денес ги загубија животите, утре можеби ќе беа живи ако имаа избор за вакцинирање.

Ова се случува зошто наместо да делат вакцини, тие сакаат да делат тендери на фантом фирми“, наглчасува Мицкоски.