На утрешната средба со премиерот Зорана Заев , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во саботата најави дека ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.
Средбата коајшто е закажана за неделата вечерта во Владата се очекува да биде одлучувачка за судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Мицкоски изјави дека на ткн лидерска средба со Заев повторно ќе го отвори прашањето за предвремени парламентарни избори. Потсети дека досега неколкупати опозициската партија бараше предвремени избори, но, како што рече, власта изнаоѓала изговори тоа да не го прифати, поради стравот од губење на изборите.
Мицкоски вели дека не средбата „ќе се разговара за реформските закони, за иднината на СЈО, за политичкиот прогон и за сѐ она што актуелно и суштински важно за граѓанитена Република Македонија“. Притоа оцени дека тој лично смета дека сето тоа се прави „погрешно , онака како што го прави“ Заев и неговата Валда
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, рече дека лидерската средба ќе започне утревечер во 20 часот во Владата.