Мицкоски: На секој чекор се фактите за неспособноста на Владата

„На секој чекор се фактите за неспособноста на владата во заминување, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-За 11 месеци капиталните инвестиции се реализирани половина од тоа што е предвидено, односно исклучително засрамувачки и ниски 49.02 проценти. Срамното ниво на капитални инвестиции, значи дека Владата е неспособна. Овој јули Заев вети дека реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде над 80%. Реалноста е дека тие се само 49% и тоа на ребалнсираниот буџет. Јавниот долг достигна фрапантни 5,7 милијарди евра, а се планираат нови задолжувања од 270 милиони евра. Откако СДСМ е на власт, јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра со што достигна бројка од фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра или речиси 50 отсто од бруто домашниот производ, пишува тој.

Мицкоски оценува дека сиромаштијата галопира.

-Ете затоа Заев бега од избори, затоа што неспособноста не може да се сокрие, неа ја чувствуваат граѓаните. Секој ден поминат на власт за Заев значи побогат паричник, одбегнување на соочување со народот и потоа одговорност за неправдите и кршењата на законот. Тоа со граѓаните нема да го дозволиме
П.С читам некои анкети кои се во функција да го мотивираат членството на СДСМ и Заев, тогаш доколку е таква работата еве и јас кој непоколебливо верувам во народот, ги охрабрувам да излезат на избори и народот да одлучи“, пишува на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.