Денес (8 декември, 2021 година) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николoски оствари средба со Анке Холштајн, амбасадорка на СР Германија.
На средбата се разговараше за актуелната општествено политичко состојба, за економските предизвици и интеграциите на државата во Европската Унија и прашањето со Бугарија.
Претседателот Мицкоски на средбата ја истакна својата загриженост за економската состојба и енергетската криза чии последици од неадекватното управување на политиките се крши на грбот на граѓаните.
Подвлече дека владата нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и дека недостатокот на кредибилитет за носење одлуки ја наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од кризата и ресетирање на општеството.
Мицкоски ја потврди заложбата државата да добие датум за преговори и покрај фактот што Владата не испорача резултати во борбата со криминалот и корупцијата. Македонија не смее повеќе да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и да биде жртва на спорот со Бугарија создаден во време на оваа влада.
Истакна дека секое решение на тој спор треба да биде во рамките на усвоената резолуција во македонското собрание која беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ а прифатена од парламентарното мнозинство и која во себ