Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир ја потенцира силната европска заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

На средбата беше потенцирана силната европска заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада, што е еден од трите главни постулати на делување, покрај борбата со криминалот и корупцијата и забрзаниот економски развој.

Претседателот Мицкоски кажа дека државата мора да се трансформира во секое поле и да се подобри значајно животот на луѓето.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ своето делување ќе го базира исклучиво на законите, и злоупотреби како претходната влада во минатото со европското знаменце нема да се применуваат.

Заклучок е дека граѓаните заслужуваат европска иднина, и таа мора да дојде што побрзо.