Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за сѐ што е во полза на државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел оствари средба со новата комесарка за проширување на ЕУ, Марта Кос.

-Разговаравме за стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста на државата да успее на патот кон ЕУ, информира Мицкоски на својот фејсбук профил, и додава:

„Ние сме подготвени да разговараме за се што ќе биде принципиелно и во полза на нашата држава и во интерес на сите граѓани“.