Мицкоски на средба со Олаф Шолц разговараше за потребата за вреднување на напорите на нашиот пат кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со канцеларoт на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

-Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме, за потребата за внесување на енергија и динамизирање на процесите, истакна тој во објава на фејсбук.

Мицкоски порача дека Германија останува да биде наш активен партнер и поддржувач.

Претходна статијаЌе се зголемат платите на медицинскиот персонал, а следат покачувања и во други сектори
Следната статијаНа Детската клиника и во „Козле“ констатирани се стручни, системски и технички недостатоци, нагласи министерот Таравари