
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Тимчо Муцунски и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, денеска оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг, Михаил Рот.
Мицкоски истакна благодарност за помошта која до сега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски. Тој рече дека моментално владата која ја води Македонија, нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат во економска неизвесност и катастрофа.
Беше предочено дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата што ја имаме, а во голема мера тоа е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички.
Мицкоски истакна дека народот бара надеж, и дека се потребни избори, и промена на власта. Дополнително беше истакната и заложбата на партијата за членство во ЕУ.