Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, директно до спортските работници во Охрид ги слушна проблемите со кои се соочуваат изминатите 7 години.
Имено, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков го информираше претседателот дека базенот во Охрид, да доживува истата судбина како неизградениот автопатот Кичево – Охрид.
-За нас насушна потреба, како охриѓани, секако дека е затворениот базен, кој за жал ја има истата судбина како и автопатот Кичево – Охрид, рече Пецаков, додавајќи дека уште во 2017 година тогашниот носител на листа Коста а потоа и градоначалник, изјавил дека затворениот базен е економски неиздржлив проект.
Претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште многу претходно се обврза да донира 1 денар од зголемената акциза, односно како што рече за 1 година тоа се дополнителни 16 до 18 милиони евра, или за 4 годишен мандат тоа би биле 65 до 80 милиони евра, додавајќи дека тие пари со оваа влада сега завршуваат во тендери, додека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира тие пари да ги врати во спортот, спортските работници, спортските клубови и секако спортистите.
-Сакам да напоменам дека ние за спортот се обврзавме 1 денар кој што е од зголемената акциза, како фонд, да го вратиме назад во спортот. 1 денар за образованието и 1 денар за културата. Тој 1 денар значи некои дополнителни 16 до 18 милиони евра на годишно ниво, кои што во моментот ги нема. Или ако тоа го префрлиме на 4 годишен мандат, зборуваме за некаде помеѓу 65 и 80 милиони евра, директно да ги поддржиме спортските клубови и спортистите во Македонија, надвор од ова што е инфраструктура итн. Сега тие пари завршуваат во тендери и во договорни услуги. Ние планираме тој денар кој што го содржи акцизата, да го враќаме назад во спортот, за спортските работници, за спортските клубови и за спортистите. Повторно ќе кажам за нивна директна поддршка и промоција, надвор од планираните инвестиции што ги имаме во инфраструктурата, нагласи Мицкоски.
Од страна на еден од присутните граѓани беше укажано дека најголем проблем е што базенот се уште не е изграден, на што претседателот Мицкоски укажа дека со оглед дека власта дава 200 милиони евра за проект за кој шајка не е закована, тогаш не би требало да претставува проблем базенот да се изгради.
-Мислам дека најголем проблем е тоа што сеуште базенот не е изграден, рече еден од присутните граѓани.
-Не би требало тоа да е проблем. Ако не е проблем да се фрлат 200 милиони, а шајка да не се закова за проект кој што никој не го гледа, изјави Мицкоски.
Според еден од граѓаните голем проблем со обезбедување на дозволи за престој на спортисти странци кои играат во некои од македонските клубови.
Еден од проблемите со кои што се среќаваме, а кој зависи директно од самите закони на владата, е проблемот со обезбедување на дозволи за престој на спортисти странци, додаде граѓанинот, а претседателот Мицкоски вети дека целта на оваа кампања е да се слушнат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, да се слушнат нивните барања, а потоа ВМРО-ДПМНЕ да излезе со свои предлог решенија.
Нам така ни е замислена оваа акција, за после овие средби со вас, за тоа што не можеме веднаш да дискутираме, потоа преку разни дебати да дадеме одговор на дел од овие прашања и да дадеме одговор на дел од барањата или решение на проблемите кои што ќе произлезат од овие дебати, кажа Мицкоски на средба со спортските работници.