![1-3-700x468](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/1-3-700x468.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денес оствари средба со пратеничката во Европскиот парламент Марион Валсман, која е дел од пратеничката група на Европската народна партија, претставник на германската ЦДУ и директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун.
На средбата се зборуваше за актуелната политичка ситуација во државата и претстојните избори. И од двете страни беше посочени дека се потребни фер и демократски избори, и дека власта е таа која треба да овозможи услови за истите.
Марион Валсман и Даниел Браун посакаа голем успех на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и советници на претстојните избори.
ВМРО-ДПМНЕ како градоначалници и советници има луѓе кои поминале низ бројни обуки на Фондацијата Конрад Аденауер во земјата и во странство. Сите тие ќе ги применат стекнатите знаења и во идното управување со општините, но и ќе ги искористат своите контакти стекнати во период на тие обуки за подобрување на животот во нивните места.
Меѓу другото стана збор и за ситуацијата со КОВИД кризата, но и последната случка со несреќата во Тетово, по што од страна на претседателот Мицкоски беше истакнато дека власта мора да биде поодговорна и дека е потребно внимание и посветеност за обезбедување поголема сигурност на граѓаните. Исто времено беше посочена потребата од одговорност од прво повиканите Филипче и Хасани.
Претседателот Мицкоски посочи и дека Македонија треба да остане силно посветена кон патот кон ЕУ, а за тоа силна поддршка добиваме токму од ЕПП.