Мицкоски на средба со земјоделци: Важно е тие да имаат заслужен откуп, да се вреднува нивниот труд

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оставари средба со земјоделците во велешко Сујаклари.

-Состојбата е очајна и разочарувачка. Важно е земјоделците да имаат заслужен откуп. Важно е земјоделците да ја имаат поддршката од државата каква сега немаат. Важно е да се вреднува нивниот труд и да имаат чесна заработка. Затоа се потребни промени, истакна Мицкоски.