На маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, остварив средба со Претседателот на Владата на Република Хрватска и Претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ,објави на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во целиот период на развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации.
Разговаравме и за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави.
Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.
Зборувавме за предизвиците на регионот и потешкотиите на патот кон ЕУ на Република Македонија, загрижувачките економски состојби, криминалот и корупцијата како кочничари на тој процес, пишува Мицкоски во својата објава.