Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот. На средбата присуствуваа и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајлоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, информира партијата.
– На средбата Мицкоски го запозна господинот Рот со политичката ситуација во земјата, но и недемократскиот однос на власта. Мицкоски се заблагодари за поддршката која ја добиваме од СР Германија во евроинтеграциските процеси, при што нагласи дека ваквата соработка треба да се развива уште повеќе во иднина. Во однос на претстојниот самит на ЕУ, Мицкоски кажа дека Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговори – велат од ВМРО-ДПМНЕ.