Мицкоски најави протестен марш во Струмица во недела

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку видео порака со која се обраќа до секој граѓанин на Република Македонија најавуви протестен марш во недела в Стумица.

Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема. Вистинското прашање е дали може поинаку? Еве на секој еден од вас Ви кажувам, на сите, машко и женско, старо и младо сите кои ги делите овие чувства, ДА може поинаку, и тоа поинаку ќе дојде доколку се крене и чуе твојот глас, гласот на твоите блиски, роднини и пријатели. Заслужуваш подобро и тоа подобро ќе дојде, вели Мицкоски во своето обраќање.

Протестниот марш ќе биде во недела со почеток во 13 часот, собирно место во паркот во Струмица по шеталиштето, па се до општината Струмица.