Мицкоски: Нашата најголема борба е борбата за Македонија, борба за подобар животен стандард

Браќа и сестри, нашата најголема борба е борбата за Македонија. Борба за подобар животен стандард, за среќни утра и насмеани луѓе, пишува на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Да се бориме сите заедно за нашата татковина, аманетот на нашите предци, советот од нашите родители и сонот на нашата генерација за економски богата, евроатлански интегрирана и земја на среќни граѓани да биде реалност. Ајде сите заедно да ја поразиме оваа тажна реалност што и се случува на Македонија, ајде сите заедно да ја испишеме иднината на нашите поколенија. Застанете со нас, заедно можеме и заедно заслужуваме повеќе. Доста е лаги, клевети, интриги, криминал, безидејност, неработа, отсуство на визија и план…, Македонија мора и заслужува повеќе…“, напиша Мицкоски.