Не може човек кој во својот живот бил аболиран политичар или во својот живот, влегол во мандатот со активен судски процес, кривично дело кое било во првостепена и второтстепена фаза да биде реформатор во правосудниот систем, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само Интервју“ на Канал 5, додавајќи дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ќе има безмислосна борба против корупцијата.
Мицкоски потенцираше дека во 2015 година Македонија била на 66 место на Транспаренси Интернешнл, а сега наместо да бидеме подобри сме на 111-то место, а тоа е така затоа што оваа влада е најкорумпирана во историјата на Македонија и е предводена од политичар аболициран за криминал. Потсети притоа дека во 2015 година земјата беше на 66-та позиција на Транспаренси интерншнл/.
„Ниту сум аболиран, ниту како човек имам концесија кон некого. Кога ќе ја формира новата влада ВМРО-ДПМНЕ ќе се бориме безмислосно со корупцијата и криминалот во оваа држава, рече Мицкоски. Мицкоски вели иако сите влади досега не успеале и дека не постои магична формула за борба со корупцијата, сепак ветува дека за две години од мандатот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има многу подобар резултат од тој што го имаше владата во 2015 година.