Мицкоски: Не треба да губиме надеж, се ближи крајот на мачното секојдневие, најдобрите времиња за граѓаните во Македонија допрва доаѓаат

Денеска сме овде во Гостивар да одбележиме еден навистина голем христијански православен празник. Ја користам оваа прилика на православните христијани да им го честитам празникот и да им посакам се разбира здравје, среќа, успех ним и на нормално сите наши сограѓани. Ова е посебен ден, тука сум да пренесам порака дека се ближи крајот на ова наше тешко мачно секојдневие, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Доаѓа денот кога навистина очекуваат и граѓаните, очекуваме и ние големи промени коишто ќе се случат после овие локални избори. Мојата порака е да не губиме надеж, да не се обесхрабруваме бидејќи најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните на Македонија допрва доаѓаат, вели Мицкоски.