Мицкоски: Нема да дозволиме создавање на ново тело кое ќе биде поголем монарх од компромитираното СЈО

„Предлагаме, спрега и кочница бидејќи видовме како еден монарх во кој што меѓународната јавност, домашната јавност, практично имаше неограничена доверба истата ја прокоцка и злоупотреби. Ние не можеме да се согласиме на формирање на уште еден монарх кој што можеби би го повторил истото однесување. Затоа предвидуваме спрега и кочница, изјави денеска на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој потенцираше дека доколку обвинител под политичко влијание или мотивиран од други побуди покрене обвинение и низ судски процес се констатира дека тоа обвинение не било издржано и се нанесе штета на угледот на физичкото и правното лице и доколку физичкото лице или правното лице бараат во судски процес надомест на штетата која е нанесена поради нарушениот углед, обвинителот и од буџетот на државното јавно обвинителство таа штета да се надомести.

А, не од паричниците на граѓаните и даночните обврзници, затоа што некој обвинител бил употребен или злоупотребен поради политички цели или други мотиви, дополни Мицкоски од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.