Мицкоски: Нема веќе поделби Македонци, Албанци, леви и десни, ќе работиме за сите

Власта помеѓу овие два круга ја плаши бизнис заедницата и граѓаните и сее омраза по основ на етничка омраза, по основ на различна етничка припадност. И ги плаши и вели, најпрвин не брендираа како зло, и како иде кампањата велеа дека ако победи ВМРО-ДПМНЕ ќе сме бркале од работа, ќе сме се светиле на не знам претприемачи, бизнисмени, ќе сме ја вратиле 2001 година. Замислете овие кои што зборуваа за живот. Кои што зборуваа за едно општество за сите“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.

Мицоски во емисијата вети дека нема да има поделби на граѓани во Македонија по етничка припадност.

– Еве ја користам оваа прилика, еве и Ве гледам и Вас во очи, не можам граѓаните сите да ги видам, но еве ја користам оваа прилика да упатам една порака и до граѓаните дека јас живи луѓе не јадам, едноставно тоа не е дел од моето воспитување, јас не сум човек кој што вели дека ќе брка од хигиеничарка до министер. Не, јас сум човек кој што сака да отвори дно дополнително работно место повеќе. Сите треба да бидат безгрижни, они кои што чесно и одговорно си ја вршат својата работа, оние кои што преку платата која што ја добиваат обезбедуваат егзистенција за своите семејства. Оние бизнисмени без разлика дали биле поддржувачи на власта, еве Ве гледам запаметете го ова што Ви го зборувам во Вашата емисија и еден ден кажете ми дека не сум бил во право или не сум постапувал така, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека нема за него бизнисмен лев, десен, нема за него бизнисмен конзервативен, либерален или неопределен. За него сите тие луѓе се херои бидејќи се мачат од први до први да обезбедат егзистенција и плата на граѓаните.

– Нема да ги двоиме, ние сакаме да бидеме нивни сојузници, нивни пријатели. И да помогнеме бизнисот да се развива, тие да креираат нови работни места, дали биле поддржувачи на СДСМ, на ДУИ , на ВМРО-ДПМНЕ, или не биле поддржувачи верувајте воопшто не ме интересира и нема да дозволам во животот додека сум јас претседател во ВМРО-ДПМНЕ или утре нешто друго некој така да постапува со луѓето. Мојата цел е да излезам со платформа пред граѓаните, укажа Мицкоски.