Мицкоски: Никогаш сум немал дилема дали да се порази хибридниот режим на СДСМ, ќе се бориме да ги смениме работите

Во вечерашното гостување во Телевизија Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека немал никогаш дилема дали да се порази хибридниот режим на СДСМ, а рече дека и понатаму ќе се бори да се променат работите.

– Никогаш сум ја немал дилемата дали да се порази хибридниот режим кој го водат СДСМ и ДУИ, и тука не сум имал дилема изминативе четири години, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и во тоа мое функционирање и дејствување народот е тој којшто ме мотивирал да издржам во сето она коешто сум го работел и ќе продолжам да работам, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дали вреди човек да се занимава со политика доколку ова што се случува стане пракса, а затоа треба да се бориме да ова што се случува со овој хибриден режим на СДСМ и ДУИ повеќе да се не случува, посочи Мицкоски.

Тој вели дека она коешто се случуваше во четвртокот е сериозен пораз за институцијата пратеник туку и сериозен удар за угледот на македонското Собрание.