Мицкоски објави фотографија од бадниковата вечер, откри кој од неговото семејство ја доби паричката

Малку драгоцени моменти со најблиските. На бадниковата вечер паричката падна кај мојот татко Иван, без лутење од останатите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Посакувам повеќе среќа кај сите семејства и луѓе кои ги одбележуваат овие празници, повеќе радост и насмевки на лицата во овие тешки моменти.

Нека биде година на промени и иднина.

Честит Бадник. За многу години“ – порача Мицкоски.