-3.2 C
Skopje
понеделник, декември 30, 2024

Мицкоски обелодени нова афера: 250.000 евра за Вице од РЕК Битола

Аферата која денес ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, опфаќа изнуда-рекет на средства од компанијата Рубитон Битола која е добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Случајот излегува по пат на јавно признание и сведочење на сопствениците на компанијата. Таа по регуларен пат добива тендер, по што Васко Ковачевски, директор на РЕК, го контактира сопственикот на компанијата добитник, го принудува да се откаже од тендерот и истиот кој веќе го има добиено Рубитон, да го предаде на компанијата СВ Инвест на Столе Чифлигароски.

Како што беше кажано на брифингот, сопственикот на Рубитон вели дека нема правна можност за тоа, по што Ковачевски организира средба со Вице Заев во Струмица, во хотел Парк, но средбата се откажува, а Вице Заев ги комнтактира сопствениците на компанијата и им вели дека ќе го испрати Горан Кстев од Тотал Инжинеринг, инаку амнестиран со Зоран Заев за „Глобал“, за да ја договорат работата. Побарувањата биле Рубитон да ја сработи работата, а 250.000 евра да му припаднат на Вице Заев како кеш, а таа сума била многу поголема од можната заработка.

Сопствениците на Рубитон на повиците на Крстев не се одзиваат, по што Вице им се заканува дека ќе ја загубат работата. По низа лавиринти, компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, за што своевремено ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше јавно на прес-конференции за насилно внесување на фирмата СВ Инвест во комбинатот.

-Воедно и предупредувавме на фамозната Вила парк, каде што Вице Заев го собираше рекетот. Случајот оштетените го пријавуваат во полиција, по што се изготвува пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски. Мистериозно, на веќе еднаш потпишана изјава, исчезнува делот каде се споменува Вице Заев. Што е дополнителен скандал и говори за спрега меѓу ОЈО и Рускоска, МВР и Лазе Велковски и кадрите на Оливер Спасовски. Случајот е ставен во фиока, брифираше денес Мицкоски.

Во пријавата недостасува овој дел:

Потоа, сопственикот Василев, гледајќи дека Рубитон не добива одобрение за влез на механизација и покрај договорната обврска да му биде овозможено од страна на РЕК Битола, преку стар познаник од Струмица Иљо Н. викан  Рамбо, несакајќи директно да го бара по делефон лицето Вице Н. кое му го посочил Ковачевски, побарал доколку е можно да му организира средба со посоченото лице, која му била закажана на 3-ти или 4-ти септември 2018-та година.

Според информациите, тие отишле во „Вила Парк“ Струмица. Сопствениците Василев и Радичев дошле на договорената средба, ги пречекал пријателот на Василев и бидејќи веќе изминувало 09:00 часот, Иљо му се јавил на Вице да му каже дека се дојдени луѓето на кои икм договорил средба, на што Вице му кажал дека средбата била закажана за 9 часот навечер, а не наутро, по што тие си заминале.

Остатокот од делот кој е избришан од првичната пријава, кој завршува и со директни закани, можете да го погледнете од документот: