
Очекуваме победа во вториот круг, очекуваме повеќе мобилизација и на активистите и на граѓаните, затоа што голем дел од нив во изминативе денови се јавуават и ми велат имате наша поддршка, првиот круг не излеговме затоа што знаеме дека вториот круг одлучува, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во врска со очекувањата од вториот круг од претседателските избори и изгледите на опозициската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, Мицкоски искажа увереност во нејзиниот успех, кој се темели на она што може да се види и слушне во контактните емисии кои даваат масовната поддршката од народот.
Мицкоски рече дека луѓето немаат доверба веќе во Зоран Заев, денешната реалност е полициските сили на терен, претрес и упади во домови на луѓе што се блиски или некако се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ.
Излезе со неофицијални информации дека се собираат бизнисмени, сопственици на текстилни компании, беси им држеле определни министри на Владата, а направен бил и упад во дуќаните на нашиот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на инспектори УЈП блиски до семејството коешто денеска управува со Владата.
„Се разбира дека очекувам победа во вториот круг“, заклучи Мицкоски.
Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е многу сомнително е што на овие избори на некои избирачки места имаше неверојатен скок на излезеноста од над 50 отсто, овие „брзи гласачи“ беа присутни и за референдумот.
Денес на овие претседателски избори имаме 42,5 отсто своени гласови од тие коишто излегле. Во 2016 година на предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имало околу 38 отстоод излезените. Во 2017 година на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата има 36 , значи 6,5 проценти имаме повеќе гласови сега од вкпниот борј на излезени, истакна претседателот на партијата Мицкоски.
Рече дека не треба да се заборави и тоа што неколку партии ја напуштија коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и денеска се коалициони партнери на Зоран Заев.