Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Клан директ на ТВ Клан рече дека доколку следната недела би имале избори, излезноста би се движела меѓу 50% и 55%.
Очекува, ВМРО ДПМНЕ да добие најголем број на пратеници, СДСМ би имале околу 25, албанските политички партии меѓу 25 и 27, а останатите пратеници ќе ги делат партиите ЗНАМ и Левица.
“Очекувам разликата во првиот изборен круг во корист на Силјановска да биде повеќе од 100 илјади гласови. Се обложувам на победа на ВМРО ДПМНЕ на 8 мај, но не можам да се обложам дека ќе имаме 61 пратеник. Како што се доближуваме до изборите, гласачите се повеќе ќе се сензибилизираат’’, изјави Мицкоски.
Мицкоски истакна дека и според анкетите и јавното мислење, граѓаните од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат подобар стандард, борба со криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Ако ги анализирате анкетите и јавното мислење, потенцира Мицкоски, граѓаните од идната влада очекуваат подобар стандард, да бидат побогати и борба со криминалот и корупцијата и владеење на правото. Токму во таа насока ќе биде промовирана на 23 март и изборната програма на ВМРО ДПМНЕ.