-Jа испраќаме онаа порака која досега ја испраќавме, а тоа е дека македонската Влада останува фокусирана на реформи, на обезбедување подобри услови за живот на граѓаните и нормално, наша главна цел останува да биде полноправно членството на Македонија во рамките Европската Унија.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкокси од Брисел, каде оствари две билатерални средби.
-Едната средба е со госпоѓата Марта Кос која е новиот комесар за проширување и втората е со господинот Антонио Кошта кој е новиот претседател на Европскиот Совет. И на двете средби во исклучително пријателска, срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за се она што досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија, подвлече Мицкокски и додаде:
„Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за нашите граѓани, а како дел од таа агенда е и нашата целосна инспирација да бидеме дел од европското семејство“.