Денеска, овде во Гази Баба, го претставуваме идниот градоначалник на општина Гази Баба и идниот градоначалник на Градот Скопје, Данела Арсовска, и идниот градоначалник на оваа скопска општина, Бобан Стефковски, изјави во вторникот вечерта началник за новинарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
„Тие ќе претстават дел од своите планови, својата визија за општината Гази Баба, но и развојот на Градот Скопје, традиционално како што веќе изминатите денови можеше македонската јавност да посведочи во текот на денот напишав едно писмо до идниот градоначалник на општина Гази Баба кое јавно ќе го прочитам и на крајот од настанот ќе го доставам до него“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека очекува пријатен настан на кој граѓаните на Гази Баба ќе можат да го слушнат идниот градоначалник на нивнаната општина и идната градоначалничка на Градот Скопје.