Мицкоски од Гази Баба: Стефковски гради успешна општина, што повеќе проекти, толку повеќе среќни граѓани

-Бобан Стефковски гради успешна општина, што повеќе проекти толку повеќе среќни граѓани, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната негова посета на општина Гази Баба.

-Задоволство е секогаш да се биде дел од една успешна приказна каква што се случува овде во општина Гази Баба. Градоначалникот навистина заедно со советниците, со администрацијата, со луѓето кои многу посветено работат, тоа што беше ветено за време на кампањата во 2021 година, да биде испорачано. Сакам да ја потенцирам и улогата на пратениците кои што преку амандмани во рамките на македонскиот Парламент се обидуваат секоја година кога имаме Буџет, кога имаме ребаланс на истиот, да обезбедат проект повеќе овде, во општина Гази Баба.

-Кога еден тим работи тимски, сложно, обединето, резултатите се видливи и тие мора да ги почувствуваат и граѓаните.  ја користам оваа прилика да му честитам на Боби, на сите луѓе кои што посветено работат овдека во општина Гази Баба. Да ги охрабрам, така да продолжат и во иднина бидејќи мора да покажеме дека не се сите исти. Дека имаме политичари кои што се на заминување и кои што за неколку месеци од денеска ќе бидат историја, и она што е важно никогаш повеќе да не се повторат на политичката сцена. Затоа што ќе остават голем пустош позади себе, а тој пустош ќе треба политичарите кои доаѓаат, да го исфрлат и да донесат надеж кај граѓаните во Македонија. Да ја претвориме Македонија во успешна приказна, каква што заслужуваат граѓаните и онаква каква што се надевавме дека ќе биде кога стануваше независна држава, изјави Мицкоски.