Мицкоски од Гевгелија: Граѓаните ги препознаа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои континуирано нешто ново градат

-Граѓаните ја препознаа разликата помеѓу градоначалниците кои се од ВМРО-ДПМНЕ и кои континуирано нешто ново градат, но и оние кои што се во Владата и континуирано крадат, изјави при денешната посета на Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Убаво е игралиштето бидејќи е реновирано, реконструирано со поддршка на општина Гевгелија и јас сум навистина среќен и задоволен кога можам да присуствувам на вакви настани. Разликата мора да биде јасна помеѓу градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои континуирано нешто ново градат, но и оние кои што се во Владата и континуирано крадат. Таа е разликата која што треба граѓаните да ја препознаат, рече Мицкоски и додаде:

-Јас сум убеден дека неа ја препознаа на локалните избори и ќе ја препознаат на следните предвремени парламентарни избори кога коалиција што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство во македонскиот парламент, додаде Мицкоски.

-Уште еднаш му честитам на Андон за овој прекрасен спортски објект што сум убеден дека многу млади луѓе од Гевгелија, многу кошаркари, ќе го користат. За жал причината за сето тоа можеби е еден прерано згаснат човечки живот, нека му е лесна земја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.