![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/mickoski-13.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во Вашингтон, заедно со претседателите на Влада на Република Албанија Еди Рама и на Република Црна Гора Милојко Спајиќ оствари средба со сенаторката Џин Шајин и сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО, соопштија од владиниот кабинет.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/07/mickoski-3-10072024.jpg?w=696&ssl=1)
Како што велат од кабинетот на претседателот на владата на средбата Мицкоски посочил дека балканскиот регион помина тежок период на предизвици и промени кои покажаа дека соработката, забрзаниот развој и инвестирањето во пријателства на граѓаните единствено им носи подобар живот.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/07/mickoski-2-10072024.jpg?w=696&ssl=1)
Тој истакнал дека блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/07/mickoski-8-10072024.jpg?w=696&ssl=1)
-Секоја иницијатива која е за поголема соработка на регионот и која може да донесе подобар живот е добредојдена, истакна Мицкоски кој додаде дека потребен е нов почеток и генерација на политичари подготвени за разумен дијалог базиран на факти.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/07/mickoski-1-10072024-.jpg?w=696&ssl=1)
Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој преставува најголема закана за напредокот. Македонската влада е посветена кон развиена економија и воспоставување на владеењето на правото, истакна Мицкоски.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/07/mickoski-4-10072024.jpg?w=696&ssl=1)
Во рамките на посетата на Вашингтон, Мицкоски учествуваше на отворањето на НАТО самитот кој продолжува и во текот на денешниот ден.