При денешната посета на општина Карбинци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за што за Миле Јанакиески започна ефективнот притвор, а од СДС велат дека се испорачува правдата, истакна дека за да се испорача правда треба на седница на влада да дојдат МВР и сите комплетно да ги однесат во Идризово. Тој дааде поддршка до семејството на Миле Јанакиевски и порача дека уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност за сите оние кои што нанесоа неправда.
„За правда да се испорача, треба на седница на влада да дојдат од МВР и луѓето кои што треба да ја спроведуваат правдата и комплетно сите од првиот до последниот да ги соберат и да ги однесат во Идризово. За да видиме навистина правда. Она што му се случува на Миле Јанакиевски е се, само не е правда односно целосна неправда. Кога ѝ треба на криминалната влада на ДУИ и СДСМ некаков дефокус, кога треба да се заврти вниманието на јавноста, тие тогаш посегнуваат по Миле и повторно се случува нешто поврзано со него. Апсолутно, целосно има моја поддршка до семејството. Јас знам дека Миле е храбар човек и ќе издржи. Овие луѓе што ова му го прават на семејството на Миле, но и на сите семејства кои денеска се жртви на оваа криминална влада на ДУИ и СДСМ, и луѓето кои се дел од 27 април, и многумина други, сите тие ќе треба да одговараат за оваа неправда кон нив, уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Мицкоски.