
Денес остварив средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
На средбата разговаравме за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.
Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати.
Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат оддржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки!, пишува Мицкоски во својата објава.