Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за претстојните локални избори ќе пласира нов концепт при изборот за кандидати за градоначалници.
Тој во интервју за неделникот „Фокус“, запрашан дали при изборот на кадри за градоначалници и советници ќе се потпре на партиски кадри или ќе таргетира и независни интелектуалци, истакна дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат интелектуалци кои што се познати и признаени во своите средини.
„Ќе биде синергија од двете работи. Но, ќе таргетираме и интелектуалци што се познати и признати во своите средини и зад себе имаат богато професионално искуство“, рече Мицкоски.
Тој порача дека на претстојните избори кои ќе треба да се одржат есенва очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ затоа што пред се таа е најголема и најорганизирана партија во Македонија.