Мицкоски: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва!

„Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР!“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук по инцидентот кај подвозникот на поранешната стоковна куќа „Мост“, односно плоштадот „Скендер бег“.

Имено, неколку лица ги нападнаа протестантите кои се движеа од Владата накај Министерствотоо за надворешни работи и Собранието, притоа фрлаа со камења и шишиња а едно лице впери и пиштол, што се гледа на фотографијата и видео записите.