Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на „Нијагара Ботлинг“, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5.000 вработени.
– Исклучително срдечен разговор со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на „Нијагара Ботлинг“, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5.000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.
Инвестициите на „Нијагара Ботлинг“ во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во светот. Обновуваме, но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне Македонија да биде повторно горда и ваша!, пишува Мицкоски на „Фејсбук“.