Црн ден за Македонија. 24 починати од Ковид само за еден ден. Министре Филипче, ова не е само бројка. Ова се човечки судбини, загубени вредни луѓе, семејни трагедии, пишува на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Ве повикувам заедно со Заев веднаш да донесете одлука за ослободување од работа на сите хронично болни во јавниот и приватниот сектор, како и на сите на возраст над 60 години како најризична група. Државата мора да собере сила да го издржи тој товар, бидејќи човечкиот живот нема цена. Да не губиме повеќе време, да ги заштитиме граѓаните, да спасиме што е можно повеќе животи. Затоа што секој живот е важен, нагласува Мицкоски.