![Mickoski-30.10.2022-1-960x539](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/Mickoski-30.10.2022-1-960x539.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали со оглед на активностите на политичките партии на терен државата е поблиску до избори отколку до уставни измени, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како партија и како коалиција е подготвена веднаш да се оди на избори, но кукавичката влада на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ се плаши од соочување со народот.
„Ние сме и партија и коалиција која што е дел од народот и ние сме континуирано на терен и до народот. Ние сме подготвени за избори веднаш, само очигледно стравот и кукавичлукот во владата на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ е голем, се плашат од народот. Тие бегаат, еве се плашат да достават до парламент иницијатива, се плашат да го покажат пред јавност договорот, се плашат и бегаат од избори. За жал, ние си имаме работа со кукавичка влада. Еве господа, ако не сте покажете и излезете на терен да видиме граѓаните што мислат“, потенцираше Мицкоски.