При денешната посета на општина Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на фирмата за производство на текстил која е дел од надзорот за градба на коридорот 8 и 10Д и дали ќе побара ОЈО да реагира, истакна дека по промената, власта ќе се позанимава со политичките измамници на чело со Ковачевски кои што се обидуваат да печалат на грбот на народот кој што е напатен и осиромашен сите да завршат пред лицето на правдата.
„Претпоставувам мислите за коридорот 8 и коридорот 10 Д ние тоа го комуницираме изминатиот период пратеникот Бојан Стојановски имаше и своја изјава пред Јавното Обвинителство јас не очекувам дека ова ЈО нешто ќе направи и дека ќе преземе мерка против јасниот криминал на владата на ДУИ поддржана од СДСМ, јасен криминал кој што го прават официјалните луѓе кои што се задолжени за тоа а туку предничи Ковачевски Димитар и тука треба да бидат сите на јасно. Дека овој криминал сега може да се стави под тепих и тие луѓе кои што се соучесници и оваа фирма за долен веш која што се пријавува како надзор на овој капитален проект треба да им е јасно дека за месеци од денеска лично јас ќе се занимавам со овој проект односно со оваа јавна набавка со која што треба да се врши надзор и супервизија на градежните работи во изградба на два значајни коридори односно два значајни патни правци кои што се поделени сега во четири отсечки а кои што се дел од коридорот 8 и коридорот 10 Д. Еве лично на македонската јавност и кажувам дека лично јас ќе се занимавам и се ќе дадам од себе за да виновниците кои што се обидуваат на маката на овој опљачкан напатен и осиромашен народ да печалат дополнителни пари да бидат изведени пред лицето на правдата. И ова не е закана ова е предупредување. Затоа што нема играње мора во оваа држава да престанеме да си играме со трпението на народот и со маката на народот, доста е политичари криминалци, доста е од политичари кои што се богатата на маката на народот, време е да дојдат политичари работници еве како што гледате тука што се случува во Охрид, и насекаде низ Македонија каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ го испорачуваат она кое што го ветија за време на кампањата. А овие политички измамници на чело со Димитар Ковачевски ќе бидат пратени во историјата но и ќе има одговорност, лично јас се обврзувам пред македонската јавност“, нагласи Мицкоски.