Мицкоски: Пoсле 30 септември треба да се зафатиме со решавање на проблемите на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за телевизија Сител истакна дека после референдумот следи решавање на реалните и егзистенцијални проблеми на граѓаните.

Имаме сериозно разорување на Системот во државата, по сите основи без разлика дали станува збор за образованието, економијата , здравствениот систем, социјалата, правниот систем во Република Македонија. Ние мора да продолжиме понатака со реформите кои ни се неопходни, бидејќи овој договор не е само услов Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ- рече Мицкоски.

Тој истакна дека не само договорот туку и реформите во 4 клучни се значајни за отпочнување на преговорите што го посочила и Европската комисија.

Мораме да продолжиме да го гарантираме подобриот живот на граѓаните бидејќи политичките елити мора да се промениме за да можеме да го продолжиме општеството. Доколку на некој не му е јасно ќе мора веднаш да ја напушти оваа професија и да се занимава со нешто поинакво- заклучи Мицкоски.