Ако е суштината да покажеме различност – покажавме. Дали ќе престанам да се борам – не. Дали ќе биде лесно – не, нема да биде лесно. Нема да биде едноставно. И оваа година до локалните избори, нема да биде едноставна. Во меѓувреме, многу работи можат да се случат. Може да падне влада, може да формираме нова влада, може да имаме техничка влада, експертска влада и така натаму. Многу работи можат да се случат во овие 10 месеци, но што е важно. Важно е да го сочуваме достоинството, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на “Јади бурек” на телевизија Македонско сонце.
-Кога ќе видам дека жестоко ме напаѓаат луѓето на СДСМ и Зоран Заев значи дека сум направил пат. Ќе ги препознаете зборовите на Заев пред некој ден кога имаше прес конференција за мерките како резултат на пандемијата што се случува. Тој буквално ме навреди, рече Мицкоски правејќи ме нетокму. Тоа премиер не може и не смее да го каже, бидејќи не само што не е етички, туку тоа не е добро, бидејќи народот зема пример од нас. Ние треба да ги водиме луѓето, вели Мицкоски.
Тој додаде дека никогаш не си дозволил такво нешто, да кажува навреди за некого, па и за Заев.
-Кога луѓето гледаат дека премиерот се однесува така, од кого треба да земат пример што останува за нив. Ние треба да зборуваме, да ги водиме луѓето. И да покажеме лишен пример како треба да функционираме. Ние на овој народ, кој беше опљачкан, осиромашен, разочаран , депримиран, буквално луѓето кренаа раце од се па, згора на се им дојде и пандемијата. ги испозатворивме по дома и уште повеќе се разочараа, да им влееме доверба дека има светло на крајот од тунелот. Ние можеме да зборуваме и за радикални чекори, но тие чекори дали ќе го запалат тоа светло на крајот од тунелот. Или јасна стратегија. Јас не сум човек кој што мава на маса и трга во физичка пресметка. Јас потекнувам од едно пристојно македонско семејство и проблемите сме ги решавале кога татко ми порано ќе не седнел на маса, мене мајка ми и сестра ми и ќе разговараме за тоа, рече Мицкоски.