Мицкоски повикува на избори: Ајде на избори, да видите што е сила и посветеност, цунами ќе ви се случи !

-Ги слушам оние прозивки од СДС дека сме биле разединети и со конфликти, тие кои не смеат ниту името на нивниот поранешен претседател да го кажат. Еве една порака до нив и до нивните лакеи и до сите оние подлизурковци кои што мислат дека ВМРО-ДПМНЕ на овој начин ќе се раздели ќе се подели, има еден начин да тестирате и да се соочите со вистината, ајде на избори, повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

-Еве, ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина така поделено како што вие викате, ајде на избори, тоа е единствениот начин како ќе покажете и докажете дека тоа што го зборувате е вистина. Но, тоа вие обични кукавици нема да го направите. Затоа што знаете како ќе поминете. Ќе ве разбиеме сите на купче и СДС и ДУИ. Цунами ќе ви се случи, ќе ве оддува торнадо, затоа што позади нас стои народ и народ ќе ви се случи“, порача Мицкоски.

Тој рече дека на избори ВМРО-ДПМНЕ сите на купче и СДС и ДУИ ќе ги разбие. Цунами има да им се случи, ќе ги оддува торнадо, затоа што зад ВМРО-ДПМНЕ стои народ.

„Ќе ве победиме силно затоа што ја претеравте. Затоа што камен на камен не оставивте. Ајде на избори. Да видите што е сила и посветеност“, повика Мицкоски.