Мицкоски: Повикувам на национално единство со некорумпираниот дел од политичката сцена, да покажеме одговорност спрема народот кој очекува лидерство од политичарите

Добра вечер Прилеп, Добра вечер за градот под марковите кули, градот на Цепенков, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Градот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, Место каде работливиот народ создава вредности, градот кој и во најтешките времиња умее да се смее, да го задржи духот, да се избори со предизвиците. Прилеп ја сака слободата, и тоа се докажува низ сите борби, низ сите премрежја во историјата кога без двоумење се влегувало во борба за кауза, во борба за независност. Така Прилеп прв го крена гласот за слобода против бугарскиот окупатор во Втората светска војна кој сега од власта да ни го продадат како администратор и реформатор. Прилеп со крв и пушка ја создавал слободата и заедно со многу други Македонци ги положувале своите животи пред олтарот на слободата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Тој наш олтар како ретко каде на друго место е составен од човечки страдања, крв, борба и идеали. Оваа слобода денес не дојде сама по себе, туку беше скапо платена од генерации луѓе кои се посветија на каузата.

Пред секој удар од страна, при секој налет за нови откажувања и порази кои ни се приредуваат ќе бидеме истрајни онолку колку е издржлива и најслабата алка. А ние ваквите историски предизвици можеме да ги надминеме со обединување и единство. И затоа упатувам апел за национално единство кое и е потребно на државата. Ова го велам поради тоа што Македонците постојано губат 32 години, и таквото поразително чувство веќе преминува во фрустрација. И таа фрустрација е последица на корумпираните политички елити, кои за да имаат успешни кариери го распродаваат народот. За 32 години сменивме име, знаме, устав. Прифативме договор со Бугарија, нови откажувања, се проблематизираат најсилните темели на државата, јазикот, историјата сите важни атрубути кои не издвојуваат како народ. Сето тоа создава чувство на неправда кое преминува во фрустрација затоа што и ништо како народ не добивме. Затоа велам дека нема друга држава која дала поголема жртва од Македонија на патот кон ЕУ и време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките интереси важни за нашите граѓани.

И верувајте основата за обединување и единство е позначајна од сите наши разлики кои ги имаме. Јас кој 5 години сум предмет на брутална негативна кампања, лаги и измислици од власта кои се штитот со кој ги бранат сопствените неуспеси, а пак ВМРО-ДПМНЕ која има замрзнат имот, луѓе по судовите и затворите поради политички прогон, кога на сето ова можам да погледнам и да кажам кога е Македонија во прашање мораме да бидеме единствени со некорумпираниот дел политичката сцена на Македонија тоа значи дека покажуваме свесност и одговорност за состојбите во кои се наоѓаме и одговорност спрема народот кој очекува лидерство од политичарите.

Затоа што нема лева или десна, постои само една Македонија!

Не постои нешто како што е за уставни измени или изолација, туку единствено мора да има зачувување на идентитетот и фер шанса за влез во ЕУ.

Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме.

Не постои Македонија на СДС и ДУИ и Македонија на ВМРО-ДПМНЕ, туку постои само една Македонија.

Ова е Македонија за сите. Македонија која е нашиот единствен дом. И затоа ни е потребен пакт за национално единство.

И во овој момент кажувам дека преставува измама тезата на Ковачевски или интеграција под бугарски диктат или изолација. Ниту еден фактор во оваа држава не посакува изолација која веќе ја имаме. И не може да се донесе нешто што веќе го живееме и во која подлабоко не втурна оваа власт. А она што е измама е фактот што кога Ковачевски ќе каже интеграција всушност мисли уставни измени и прифаќање на бугарските диктати за кои оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки. Она што ме разочарува и треба нив да ги порази како личности е сервилноста која ја покажуваат пред светот. Наместо да ја кодошат опозицијата и да се молат да ни прават притисоци кои се неприфатливи, треба да бараат од светот да добиеме подобри услови и фер шанса. Треба Ковачевски како премиер да побара од истата Европска Унија, Бугарија да примени барем неколку од над десетината правосилни пресуди од судот за човекови права кој нотира кршење на правата на македонците во Бугарија.

Воедно сакам да нагласам дека голема грешка е овие години што крупните одлуки во земјата беа носени без единство и целосна согласност на опозицијата. Секогаш опозицијата била ставана на страна и затоа процесите заглавувале. Власта овие 6-7 години покажа недостаток на капацитет за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за суштинските прашања, па заедно да се боревме за фер шанса за која што говорам. Зарем немаше да биде подобро кога бугарите бараат од нас да се себе одречеме, заедно да им кажеме дека грешат, кога источниот сосед го негира нашиот јазик, заедно да им кажеме дека нашиот јазик постои и има свои корени. Токму пактот за национално единство на кое повикувам треба да го надомести ова и да обезбеди легитимитет на процесот за одбрана на државните интереси.

Единството на кое повикуваме не значи амнестија на криминалот кој го направија. ДУИ мора да оди во опозиција. Затоа ни е потребно национално единство за да се декриминилизаира структурата која го обви нашето општество со висока корупција и црни пари. Денес ДУИ заедно со нејзиниот помал коалиционен партнер СДС е главниот клуч и за корупцијата и неспособноста во судството и обвинителството. Оваа партија за пари договара пресуди и нарачува обвиненија затоа што забегаа 22 години на власт однесувајќи се како деспоти. Време е дадат во опозиција и ќе направам се и тие и сите други да одговараат пред словото на законот и да има одговорност во оваа држава. Избори, одговорност и правда се работите кои мора да се случат за на Македонија да и тргне.

И сакам тука да напоменам две работи. Првата е, често пати ќе слушнете во јавноста дека подобар договор од овој не можело да се постигне, дека овој е најдобриот договор и дека затоа мора да го прифатиме. Тоа го зборуваат претставници на меѓународната заедница кои што често пати гледам дека и оние криминалците од владата на ДУИ и СДС го користат како аргумент да вршат притисок врз народот и опозицијата. Дали ние како современици на оваа време можеме да се потпреме на патриотските чувства, на родољубието, на Али Ахмети, на Бујар Османи и Димитар Ковачевски дека испреговарале најдобар договор за Македонија.

Еве ве прашувам, дали можеме да се потпреме на овие криминалци?

Кога им велевме дека сме тука да им помогнеме, кога им нудевме единство, да застанеме еден до еден, наспроти бугарската влада, да го одржиме родољубието, патриотизмот, идентитетот, не одбија. Кога ги предупредивме дека тоа што се обидуваат да го договорат за нас е неприфатливо и нема да го прифатиме, не игнорираа. Кога им нудевме решенија изминатите месеци наназад, господата од Брисел и меѓународната заедница не не поддржаа, епа овој народ не може повеќе да трпи. Овој народ гласно ќе зборува на следните парламентарни и претседателски избори каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Овој договор за нас е неприфатлив и ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и пред една година кога пратениците од пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша нотарски изјави, тогаш не исмејуваа и вадеа некакви си правни аргументи дека тоа биле необврзувачки документи. Да точно е се согласувам, но во душата нивна во срцето е обврската, и година дена истите тие 44 повторно потпишаа и рекоа НЕ за бугарскиот диктат во македонското собрание, вие притискајте ние ќе издржиме заради овој народ.

Имам една порака и до претставниците на меѓународната заедница, до луѓето во Брисел, до бирократите, се договаравте и преговаравте со луѓе кои што немаат никаков политички кредибилитет и авторитет да направат нешто за народот. Се договаравте и преговаравте со луѓе позади кои што стојат основани сомневања за сторен криминал или да скратам се договаравте со потенцијални затвореници и ќе се срамите еден ден кога ќе излегуваат вашите слики на медиумите во вашите држави како се гушкате и како се прегрнувате со овие луѓе.

Тие криминалци не можат ништо да одработат, тие знаат да одработат само за сопствените џебови и за својот интерес. И затоа тоа што сте го договарале и преговарале тие не можат да ви го испорачаат. Затоа мојот предлог е до вас, бидејќи само вас ве слушаат, тие не го слушат народот бидејќи вие ги бирате, не народот, затоа кажете им, охрабрете ги и излезете на избори, народот нека одлучи, а потоа сме подготвени да сенме и да разговараме за достоинство. Да разговараме за нови околности и фер шанса за овие луѓе, исто тоа што го имаа и другите народи во Европа. Вака по диктат нема да прифатиме и нема да има уставни измени.

Погледнете до каде ни е државата. Во Тетово изгореа 14 лица, 14 семејства се зацрнија и нема никаква одговорност, додека единствениот виновник кој го посочија беше кабелот вграден во болницата. ДУИ и СДС го потценува народот убедувајќи дека кабелот е виновник, а не поединци за несреќа во која 14 души го загубија животот.

И на Албанците и на Македонците им е преку глава од навредата на интелигенцијата и изговори со кој ја одбегнуваат одговорноста за сопствените грешки, што е само доказ дека забегаа. И кога ДУИ од зелена партија ќе промовира европска интеграција, а Ахмети ќе ви збори за европски вредности, тоа е исто како Пабло Ескобар да би зборел за правда, а Ал Капоне за владеење на правото.

Арно ама нашиве Капоне политичари со прст не мрднуваат кога народот страда во сиромаштија, а земјоделците мака мачат за да дојдат до парче леб.

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2022 година е само 0.6 %. Вкупниот раст на економијата беше далеку од прогнозираниот и само Русија и Украина кои се во војна имаат помала стапка на раст на своите економии оваа година. Извештајот на Светска банка покажува дека македонската економија годинава ќе порасне за само 2,1% што е најниско ниво во Европа.

Поголем бруто домашен производи маат и Босна и Херцеговина, како и Косово.

Половина милион лица 500.000 живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден, а над 33.000 лица живеат во екстремна сиромаштија. Секое трето дете доживеало прехранбена сиромаштија во 2022 година. Цените на храната во просек пораснале за 22%, додека цените на некои прехранбени производи се зголемиле за дури 36%.

Само во текот на минатата 2022 година во сиромаштија донесени се 20.000 дополнителни лица, од кои 5.000 нови сиромашни деца. Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари.

Ве прашувам колку од вас земаат плата од 50 илјади денари за да можете да се прехраните.

Околу 110.000 вработени во јавниот сектор земаат плата која е скоро колку минималната во државата, а токму ниските плати се главна причина поради која работниците заминуваат во странство. Излезе податок од Синдикатот на градежници дека само во една година бројот на градежни работници се намалил за 12.000 луѓе кои заминале во странство.

За цели 6 години долгот е зголемен за нови 3 милијарди евра, со што ги задолжуваат и неродените деца.

А да не зборам за евро обврзницата која им пропадна затоа што не можеа да се договорат во владата кој да ја потпише.

Затоа младите не гледаат перспектива.

Прилеп е град на тутунот, или порано беше така, сега се помалку е, затоа што со оваа власт луѓето се повеќе ги напуштаат своите ниви, и заминуваат во странство. Од тутунот некогаш се граделе куќи, луѓето купувале механизација и возила, а сега не можат нити да се прехранат.

Со години откако е СДС на власт тутунарите имаат проблем со откупот, секоја година останува по таваните, а тие што ќе успеат да го предадат својот тутун, често им се потценува. Им се потценува трудот и маката.

Го ислушав со внимание сведоштвото на Гоце Кебакоски од Кадино Село. Го уверувам него и сите земјоделци дека доаѓаат подобри времиња. И ќе воведеме нов револуционерен концепт во земјоделието кое ќе биде насочено кон работливиот народ. Ќе дадеме огромна поддршка за тутунарите. Земјоделците ќе бидат обезбедени со повеќе пари, субвенции во износ од минимум 640 милиони евра во еден мандат и сигурен откуп. Мора земјоделецот да има сигурен откуп.

Нов концепт во земјоделието, едноставни и брзи процедури. 80 милиони евра за нови водоводни мрежи за еден мандат, кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, повеќе од 50 посто покривање на трошоците за механизација, добиток и насади ќе биде дел од мерките со кои треба да се помогне на земјоделска Македонија. Земјоделците треба да знаат дека промена на власта ќе значи нов почеток и нова иднина за земјоделието во Македонија.

Кастата на власта, кликата која владее не сака да ја види вистинската слика за реалноста во која живее народот.

А тој плач го слушаме насекаде. И затоа спомена Петар губат цитираше една анкета која излезе деновиве, излегоа многу анкети впрочем најголемата анкета е народот со кој се гледаме секојдневно по улиците дека драматично губат, два спрема еден е најмалку што ќе им се случи на следните избори, затоа бегаат, затоа сакаат ден повеќе да останат таму за да не им се случи дебакл затоа што знаат после поразот ќе следува и одговорност.

Напишавме заедно историја на локалните избори секаде ова го зборувам. Сакам и овде во Прилеп ова да го кажам. Напишавме заедно историја со коалицијата на локалните избори и убедливо победив, е и во првиот и во вториот круг и освоиме мнозинство градоначалници и мнозинство советници во Македонија на ниту една политичка партија во историјата на независна Македонија тоа не и пошло од рака.

Тешко е денеска да си градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што имаш работа со ненародна влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ, затоа што тие се подготвени да го казнуваат сопствениот народ во општините каде има градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Подготвени се да ги кратат фондовите, дотациите да не одобруваат систематизации, да одземаат ингеренции да нема инвестиција буквално подготвени се на се што милсите дека не може да го направат вие сте биле песимисти треба да сте оптимисти. Кога мислите дека го допреле дното тие можеле да копаат подлабоко и затоа ја користам оваа прилика од овде од Прилеп на сите градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да им честитам помина повеќе од година и половина без ниту еден корупциски скандал додека пак Владата на дневна основа има по минимум три.

Поминаа повеќе од 18 месеци покажаа разлика, покажаа добро владеење и со тие ограничени ресурси, но за тоа да биде комплетно за да можат и тие да се размавната во последните година и половина од своите мандат и потребно е на следните парламентарни избори без разлика дали ќе бидат предвремени или за неколку месеци потоа редовни масовно да излеземе и да се обединиме околу основниот концепт кој го штити македонскиот идентитет а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Масовно да излеземе и да се избориме за нов и историски резултат да ја довршиме историјата со мнозинство во парламентот. Тоа е важно зошто е важно затоа што ќе се обидат да ја релативизираат таа победа ќе се обидат да влијаат врз вас со тоа што ќе речат сите се исти. Чуму сега јас да одам да гласам зарем дошло до мојот глас ако дошло до мојот глас сигурно ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Но тоа се флоскули кои треба да ве обесхрабрат да ве оттргнат да биде победата што е можно помала одѕивот да биде помал мобилизацијата да биде помала затоа што тие директно одработуваат ДУИ и Али Ахмети. Исти ли сме ако на едната страна ги имате Али Ахмети и Димитар Ковачевски и на другата страна јас, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Исти ли сме, не сме исто многу сме различни. Овие се НЕ за Македонија ние заедно со народот сме ДА за Македонија. Затоа ни треба мобилизација и затоа ни треба историска победа кога ДУИ ќе оди во опозиција повторно ќе огрее сонцето во Македонија, ќе се ослободи Македонија од прангите на заложништвото во кое денеска се наоѓа, а потоа да не заборавиме одговорност.

Второ, ќе шетаат разно разни политичари ќе се претставуваат како месија ќе кажуваат дека црното е бело ќе ве прашуваат што сакате вие црно или бело. Црно, црно е. Ќе ве прашуваат дали лета магарето лета ама ниско само тоа што сакате да слушнете тие се платениот патриоти и лажни популисти кои имаат една цел да го поделат македонското гласачко ткиво, да го поделат антивладините гласови и да одработат најдиректно за коалицијата ДУИ и СДСМ најдиректно да одработат за али Ахмети. Затоа мојата молба овде до вас е да не верувате на тие луѓе кои подароци ви даваат тоа се данајски подароци после тоа ќе биде доцна да не дозволиме да не поделат, да се обединиме околу столбот, да се обединиме околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Само така можеме да ги заштитиме националните интереси, само така можеме да си ја заштитиме нашата татковина Македонија. Се друго ќе биде жалење за пропуштената шанса.

Затоа драги браќа и сестри ве повикувам и ве замолувам да не им веруваме на тие платени патриоти и лажни популисти, кои после изборите заедно со ДУИ и СДС ќе ги бројат платените жолтици позади завесата. И ќе велат успеавме.

Затоа заедно да се обединиме и да не дозволиме да успеат. Да ги поразиме и после победата, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да има одговорност за истите, одговорност за криминалот, за сите национални понижувања изминатите 6 години. Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го нуди пред народот во Македонија.

Обединети, браќа и сестри, сложни да излеземе и го кренеме нашиот глас за промени, иднина и подобра Македонија.

Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата!, се првите зборови на нашата химна, но и зборовите на голема надеж, голем сон и иднина каква сакавме да имаме и епизодата по која копнеевме, а сè помалку гледаме дека ја добиваме овие 32 години од независното постоење на Македонија.

Денес од таа Македонија за која сонувавме сме подалеку од тогаш кога ја создававме. Се изгуби таа енергија, се загуби тој копнеж. Луѓето се отуѓија, им се одзема правото на колективното сонување, правото на заедничка среќа.

Кога една нација нема сон, знајте дека веќе е одземено правото да се борите за иднината во која сте верувале. И таа нација не е среќна, туку длабоко разочарана, апатична, со чувство дека е отфрлена од синовите и ќерките кои требало да донесат надеж и среќа, а донеле беда, разочарувања и кражба на колективната радост. Затоа е и разочарувањето кон политичарите, и затоа е чувството дека сите се исти, па колку и да сме различни.

Не се само предавствата со договорите кои се болното наследство и дивото месо кое ја гуши нашата нација или идеолошкото декомпонирање на нашите традиции и темели каде сè што е поврзано со македонското постоење, морал и семејство, сето ова е отфрлено како ретроградно, туку и хавариите во сите други области кои ја фрлаат на колена нашата нација.

И кога ќе ви речат воздржете се, и вкусете уште една голема кнедла, уште едно големо само порекнување, останете неми на уште едно големо предавство на своето постоење, треба да знаете две работи: дека тоа не е последното што го подготвуваат и дека среќата и сонот што ги ветуваат нема никогаш, ама баш никогаш да дојдат со овие луѓе.

Драги браќа и сестри, сосем на крај.

Ова е Македонија.

Македонија за сите!

Ова е Македонија на надеж, сон, копнеж и иднина.

Ова е Македонија на заеднички патриотизам.

Заедничка радост и среќа. Македонија на работниците, на невработените кои мора да се вработат, на докторите, професорите и сите останати. Македонија на умните и мудрите.

Македонија на народот кој е посилен од секоја елита, клика и група која нè влечела надолу.

Од сите вас зависи каква ќе ни биде иднината. Овој пат треба да се приклучите, овој пат е важно да учествувате за заедно да ги менуваме работите. Со истата енергија каква овој народ и земја ги имале при сите свои големи победи, при сите свои илиндени, славни епопеи и победи.

Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години.

Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит.

Нашата борба е вредности, идеал и кауза.

Нашата борба е да ја обновиме Македонија.

Промените да победат, за заедничка

Ова е незапирливата сила на народот.

Ова е Македонија! Македонија за сите!

ДО ЗАЕДНИЧКА ПОБЕДА

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА

Вечен Прилеп и прилепчани!, додава Мицкоски.