
„Ние излез од оваа ситуација во која се наоѓаме гледаме во предвремени парламентарни избори“.
Ова го порача лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денеѓната средба со претставниците на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
„Се наоѓаме во услови на голем криминал, голема корупција, неспособност, немање реформи, Влада која не може да испорача и единствено логично решение гледаме во предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во исто време потребно е да се интервенира и во Изборниот законик.
„Потребно е распуштање на парламентот, интервенција во Изборниот законик, бришење на техничка влада и избори на есен“, посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали изборите се решение.