Мицкоски: Преку верата во Бога ќе го надминеме сите предизвици

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од Христијанска вероисповед кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар да им го честитам воскресението Христово, со желби за среќа, радост и благосостојба во секој дом, се истакнува во честитката на лидерот Христијан Мицкоски до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

„Бог нѐ учи да го сакаме ближниот, да живееме во мир и слога и дека преку верата во него ќе ги надминеме сите предизвици.

Во овие тешки мигови за човештвото, повеќе од кога било досега ни е потребно заедништво и солидарност. Да се спротивставиме на злото и да си помагаме. Живееме тешко време, луѓето минуваат низ животни трагедии и сериозни искушенија. Можеме да победиме ако сме свесни за потребата од заедништво и менување на работите. Да го победиме вирусот и да продолжиме нормално со животот.

Нека е за многу години Велигден!,Христос воскресна! Навистина воскресна!“, наведува Мицкоски.