Продолжуваме со протестите, нема да сопрат протестите, народот како што гледате и сега продолжува да се собира, ние ќе продолжиме да го повикуваме и понатаму во деновите кои што се следат затоа што цениме дека власта на СДСМ и ДУИ не сака да го слушне народот којшто громогласно вели не на овој асимилаторски и понижувачки договор кој владата ѝ го нуди на јавноста, односно му го нуди на народот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба во што поголем број секојдневно да се собираме, мирољубиво, да го кажуваме нашиот демократски став, тоа е наше демократско право. Без насилство, затоа што насилството му одговара само на оној кој истото тоа насилство секое утро како аналитичар го најавува наместо да го спречува и помага и го охрабрува. Така што, насилството му одговара на оној кој што сака оваа иницијатива да ја сопре.
А ние имаме чиста цел, чиста намера а тоа е да го зачуваме достоинството, идентитетот, нашиот мајчин македонски јазик и благодарност до сите оние наши сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми, Египќани и кои се секојдневно овде со нас и ни даваат поддршка заедно со нас се борат за македонскиот идентитет, што е за нас многу важно.
Така што, еве јас ги повикувам граѓаните и во деновите кои следат континуирано да се придружуваат на оваа иницијатива НЕ за асимилација, туку ДА за европеизација но на достоинствен начин, затоа што ова што нас ни се нуди е асимилација и бугаризација, а не европеизација“ – истакна тој.