Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.
Мицкоски потенцираше дека работи на фронтот против Заев, односно сите расположливи средства се во функција на туркање на оваа ненародна влада предводена од Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да победи на наредните парламентарни избори кои најверојатно ќе се случат веќе наредната година, доказ за тоа е националното окрупнување на македонскиот народ, кој самиот гледа што се случува и знае каде води сето ова, вели Мицкоски.
Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не шурува со никој како што тоа го прават Заев и СДСМ, туку е на улиците заедно со секој еден граѓанин кој смета дека оваа ненародна власт треба да си оди, односно дека Зоран Заев мора да доживее пораз. Со Зоран Заев и СДСМ, Македонија нема иднина, туку само стагнација, додаде Мицкоски.
СДСМ жестоко ги напаѓа сите чекори кои ги превзема ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е само резултат на правилното работење на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство. Кога на телевизија ќе излезат на прес конференција неговите портпароли Костадинов и Кузевска, тоа значи дека токму тогаш сме ги допреле во сржта и сме на вистинскиот пат, истакна Мицкоски.
Суштината е да покажеме различност од нив, да докажеме дека навистина не сме како нив, дека сакаме да работиме за доброто на татковината и да го спречиме ова разнебитуваме кое што се случува во земјата. Знаеме дека нема да биде воопшто лесно, но нема да се откажеме. Следуваат моменти на македонско обединување кое што ќе застане на патот на Зоран Заев, заврши Мицкоски.