Мицкоски разговораше со британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами, британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, соопштија од кабинетот на Мицкоски.

Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка. Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за потесна соработка со Обединетото Кралство на заеднички проекти кои ќе донесат економски и политички бенефит за граѓаните. Постои простор за интензивирање на пријателските односи и за заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката и економската размена. Се разговараше за повеќе прашања од регионален контекст, при што беше истакната заложбата на македонската страна за водење на политика на дијалог и заедничка соработка за зацврстување на меѓусебните односи, исктануваат од владиниот кабинет.