Мицкоски: Рекордер е државава по смртност поради КОВИД, не е нормално никој да не понесе одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на телевизија ТВ21 нагласи дека ситуацијата со КОВИД-19 е доста сериозна, Македонија поради неспособноста на власта бележи рекорди на починати и новозаболени лица.

„Секаде вакцинацијата започна многу порано. А, и рекордери сме во број на луѓе кои што го изгубиле својот живот. И нема одговорност, тоа што зборевме наместо да биде оној Караџовски инфектолог тој е политиколог, тоа што тера политика наместо да бара мерки да го заштити здравјето на граѓаните“, појасни Мицкоски.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати предложи КОВИД комисии, но власта бидејќи е самоглава одби. Тоа не е начин на работа.

„Еве сега е доцна, еве кажуваат што сега да правиме мерки и така и така умираат луѓето. Кај го има тоа? Кој нормален човек ќе ја смисли таа реченица? Па тој што ја смисли треба веднаш да биде прогласен за луд, мене ако ме прашате“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека одговорност барем да понесеше некој од власта, дури и покрај сериозноста на ситуацијата со вирусот дури министерот и премиерот се дрзнаа да бркаат провизии преку набавка на вакцини.