Денес и јас го искористив своето право на глас. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои излегоа и гласаа, бидејќи тие ја земаа судбината во свои раце, изјави по гласањето Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа е единствениот начин како да се стави крај на оваа апатија, на безнадежност која што владее во државата, на огромен криминал, корупција и сето она кое што изминатиов период навистина е сериозен проблем. Без разлика за кого го дадоа својот глас ја имаат сета моја почит и им благодарам за тоа што денеска го реализираа и го остварија своето граѓанско право и излегоа на избори. Апелирам, сето она што се случуваше во изминативе неколку денови, сите оние нерегуларности, притисоци, закани, уцени, поткупи може да се надмине само со масовна излезност. И затоа ги повикувам граѓаните, без разлика за кого ќе го дадат својот глас, тие најдобро знаат и секогаш се во право за кого ќе гласаат. Затоа повикувам на една голема и масовна излезеност, само така ќе може да се победи сето она што беше кое што беше погрешно изминатиов период – рече Мицкоски.